Pasista – Pastures

preload

0

површина / ha

0

овци

0

m / н. висина

Пасиштето Врбенско Брдо зафаќа површина од 451,4 ha на кое можат да се напасуваат 1800 овци. Се наоѓа на околу 1800 m нв. Сегашните корисници се сточари од селата Дебреше, Врбен и Дуф кои напасуваат околу 1100 грла ситен добиток. До пасиштето има пат по кој се стигнува со теренско возило. Од аспект на квалитетот на тревниот состав доминантни се видовите од фамилијата Poaceae со речиси 100%. Присуството на смрека е забележително посебно во долните, пониски делови од пасиштето кои сигурно подолг период не се напасуваат или пак се искористуваат со далеку помал интензитет. Објектот на бачилото во состав на Врбенско брдо е направен од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и е добар пример како треба да изгледа делот каде се сместени овчарите во текот на летниот период кога овците се на летна испаша. Извор со вода има на околу 1,5 km од бачилото, од каде што водата прво се полни во пластиечн канистер и преку систем од црева се носи до бачилото. Оваа вода им служи исклучиво на овчарите за лична хигиена. Своите потреби со вода овците ги надмируваат од Бунечка река која е во непосредна близина на бачилото. Бачилото нема водопоила, нема базен за дезинфекција на овците, ниту пак некој извор на електрична енергија.

Бачилото Улазна е стопанисувано од сточари од с. Форино со 300 овци, се наоѓа во непосредна близина на Мавровското Езеро на надморска височина од 1227 m. Присутните објекти се градени неплански, со материјали кои овозможуваат делумна заштита на сточарите во услови на временски непогоди. Иста е состојбата и со делот/трлата каде се сместени овците: неунифициран материјал за ограда од различни гранки кои се собирани од околната шума. Бачилото нема вода, водопоила, пристап до електрична енергија, ниту базен за дезинфекција на овците.