Pasista – Pastures

preload

0

површина / ha

0

овци

0

m / н. висина

Пасиштата во комплексот Лера зафаќаат површина од 692,96 ha и се со капацитет од 2400 овци. Се наоѓаат на надморска височина помеѓу 1797 и 2075 m. До пасиштата води земјен пат по кој се стигнува со теренско возило. Моменталната искористеност на пасиштата е со 1250 овци со сточари од Гостивар, Богдево и Форино. Вегетацијата е речиси со 100% тревни видови. Смреката е присутна и тука како инвазивен вид.

Првото бачило се наоѓа на надморска висина од 1895 m и е со 1000 овци. Бачилото има пристапен пат во еден дел од пасиштето до бачилото, базен за дезинфекција на овците, базен за дезинфекција на чапунките на овците. Во бачилото има вода, но нема водопоила. Струја и во ова бачило нема. Над бачилото во месноста наречена Богдевски атар доминира тревниот вид Festuca pаnniculata.

Второто, Речанското бачило е лоцирано нешто под 2000 m надморска висина и располага со 250 овци.

Третото бачило се наоѓа во месноста Зендербег стопанисува со околу 1800 овци и претставува бачило кое исполнува малку повисоки стандарди. Сите објекти се од цврста градба каде се сместени овчарите и мандрата каде се прави сирењето. Трлата се добро организирани и оградени. За жал бачилото нема водопоила ниту базен за дезинфекција. И покрај тоа што трлата се во добра хигиенска состојба, големите количини арско ѓубре кое се собира периодично не се расфрла по пасиштата туку се чува во непосредна близина на бачилото. И овој објект нема струја.