Pasista – Pastures

preload

0

површина / ha

0

овци

0

m / н. висина

Пасиштето Дуфска Планина се наоѓа на надморска височина помеѓу 1626 m и 1819 m. Зафаќа површина од 513,62 ha на која можат да се напасуваат 2100 овци. Моменталната искористеност на пасиштето е со околу 2000 овци и 300 говеда. До пасиштето се стига по пат исклучиво со теренско возило, но само во суви услови. При временски непогоди пропратени со врнежи, движењето/искачувањето конкретно на делот од патот над село Дуф (практички почеток на искачување на пасиштето) дури и со теренско возило е невозможно. Од аспект на тревниот состав скоро 100 % доминираат тревните видови. Меѓутоа заплевеноста со смрека е евидентна и истата е присутна на приближно 35% од површината. На еден дел од пасишната површина во голема мера е присутен и папрат што само ја потврдува силикатната структура на почвената подлога. Бачилото со помошните објекти е прилично примитивно, пред се начинот на градба, необезбеденост со водопоила, црево за вода или чешма, и друга посовремена инфраструктура. Од пасиштето постои пат по кој само со теренско возило може да се дојде до патот кој води до пасиштето Лера.

Трите пасишта зафаќаат површина од 1658 ha, со капацитет од околу 6800 овци, а моменталната искористеност на пасиштата е околу 6000 овци.