Pasista – Pastures

preload

Проектот “Зачувување на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина” е финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот е наменет за усогласување на зачувувањето на биолошката разновидност и економскиот развој. Целта на Проектот е да се врати биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина, да се генерираат нови вработувања и нови можности. Овој проект се спроведува во рамките на проектот “Подобрување на управувањето со заштитени подрачја”, чија цел е да помогне во заштитата на природните ресурси и подобрувањето на квалитетот на животот на локалното население. Проектот го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со Јавното претпријатие за пасишта и Здружение на земјоделски економисти на Република Македонија.


Милиеуконтакт Македонија

Адреса: Кукушка 4а, 1000 Скопје,

Р. Северна Македонија

Проект: Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина


 

Почитувани,

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на проектот Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина, има потреба од склучување на Договор за набавка на услуги за развој на локален бренд, техничка поддршка во процесот на брендирање и промоција.

За таа цел, Ве покануваме да доставите понуда за услугите наведени подолу во ова Барање за прибирање на понуди (БПП). За да одговорите на ова БПП потребно е да ги следите упатствата содржани во овој документ.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот најдоцна до 20 август во 15.00 часот по пошта на горната адреса или лично. Понудите можат да се достават на рака или со препорачана пошта во затворено плико.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.

Договорот ќе му биде доделен на понудувачот што ќе достави економски најповолна понуда. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме испратете ги по електронска пошта на info@mkm.mk  или aleksandra.s@mkm.mk најдоцна до 19 август.

Со почит,

Милиеуконтакт Македонија

 

Превземи:

Барање за прибирање за понуди

Образец за понуда

Reply comment