Pasista – Pastures

preload


Милиеуконтакт Македонија

Адреса: Букурешка 133 б, 1000 Скопје,

Р. Северна Македонија

Проект: Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина

Датум: 02.07.2019

 

Почитувани,

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на проектот Заштита на биодиверзитетот на пасиштата на Шар Планина, има потреба од набавка на работи за Спроведување на Пилот инвестициска програма – Мерки за подобрување на состојбата со деградираните пасишта.

За таа цел, Ве покануваме да доставите понуда за работите наведени подолу во ова Барање за прибирање на понуди (БПП). За да одговорите на ова БПП потребно е да ги следите упатствата содржани во овој документ.

Со доставувањето на понудата вашата фирма ги прифаќа условите содржани подолу. Внимателно прочитајте ја приложената документација.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот најдоцна до 10 Јули во 15.00 часот по пошта на горната адреса или лично. Понудите можат да се достават на рака или со препорачана пошта во затворено плико.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.

Договорот ќе му биде доделен на понудувачот што ќе достави економски најповолна понуда. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме испратете ги по електронска пошта на info@mkm.mk  или aleksandra.s@mkm.mk најдоцна до 8 Јули.

Со почит,

Милиеуконтакт Македонија

 

Превземи:

Барање за прибирање за понуди

Образец за понуда

Reply comment